Донација од Благој Ѓорев по повод Светскиот Ден за борба против гладта


По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, прехранбената индустрија “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес ќе донира производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна.

Во оваа хуманитарна акција ќе се вклучат и вработените на „Благој Ѓорев“ давајќи значаен придонес во напорите за создавање на подобар свет. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна ” – изјави генералниот директорот на Благој Ѓорев г. Горан Лазов

Според податоците на Државниот Завод за Статистика процентот на сиромашни во земјава изнесува над 30%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства со 5 или повеќе членови.

Оваа донација е само една од активностите кои ги презема „Благој Ѓорев“ и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории на луѓе. Благој Ѓорев минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р.Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.

 

„Кристал”- маргаринот во коцка е најпознатиот производ на оваа компанија кој се произведува од далечната 1968 година па се досега, а од овој производ денес се произведуваат над 1700 тони годишно. Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот Кристал кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …