Донација од PSS (Power Sport System) Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, за членовите на Македонскиот полициски синдикат.


 

Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила PSS како општествено одговорна компанија уште еднаш ја покажа својата солидарност и донираше заштитни маски и средства за дезинфекција за нашите колеги.

Во овие моменти на колективна опасност, вработените во Министерството за внатрешни работи се дел од оние институции кои се клучни за безбедноста. Постапуваат храбро и одлучно и покрај свесноста за oгромниот ризик за своето здравје тие максимално продолжуваат со работа, за да можеме сите ние денес живееме спокојно – истакнаа сопствениците на PSS (Power Sport System) при предавање на донацијата.

PSS е уште една од редот на сериозно одговорни и солидарни компании кои се решија на ваков чекор. Поради фактот дека заштитни маски за лице периодов тешко се наоѓаат во аптеките и ние како синдикат неможеме да ги купиме, Ве известуваме дека за потребите на МПС продложува процесот на изработка на заштитни маски за лице во Конфекциите ЕАМ од Штип,Кули од Прилеп, Даниел Кристенсен од Кочани како и Дуки Дасо од Неготино кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и пренасочија дел од своите произдводствени капацитети за секојдневно производство на одредени количини маски кои ние ги делиме помеѓу колегите на терен.

Исто така компанијата ХИДРОС од Скопје, Арис и Бенто ни од Куманово, Sубекс од Виница, Центрар за возила Струга, Анжи од Тетовио и останати фирми кои инсистираат на анонимност поради нивната скромност, во овие тешки мигови кога се соочуваат со загуби се одважија и солидарно самите понудија можеби мала но за нас како планина голема помош во заштитна опрема и средства за дезинфекција која на полициските службеници на терен ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија.

Можеби сето погоренапишано Ви звучи чудно зашто денес е ректкост некој да се преземе акција без да се очекува нешто за возврат, и токму од таа причина ние од Македонскиот полицицки синдикат –сите наши членови бескрајно сме им благодарни.

Да се надеваме дека се повеќе компании ќе го прифатат овој НАШ АПЕЛ за подршка во борбата против вирусот „КОВИД-19, бидејќи повеќе од јасно е дека е сега е време кога е потребна солидарност и поддршка, за што од исклучителна важност е поддшката и помошта на институции кои во моментов таа е најпотребна.

Ние како Македонски полициски синдикат извојуваме значителна сума на средства при што Извршното биро и Претседателсвото донесоа Одлука во месец Април да се пренаменат средства за набавка на потребните матријали за помош на колегите за што веќе Комисијата за набавки отпочна процедура за набавка.


Видете следно

До сега произведени и донирани вкупно 6500 визири

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6500 заштитни маски со визири финансиски поддржани …