„ДУНА”: Апликацијата за изборниот процес функционира нормално, сајтот на ДИК беше хакиран


Апликацијата поврзана со изборниот процес функционира најнормално, но страницата на Државната изборна комисија беше цел на хакерски напад, информираа денеска од компанијата „ДУНА”.

– „Апликацијата на ДУНА поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути. Но, страницата на Државната Изборна Комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно, вели Александар Пајковски од „ДУНА”.

Пајковски посочува дека апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

– Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави, посочува Пајковски.

Скопје, 16 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Едно од 10 работни места на Квебек затворено поради Ковид-19

Монтреал, 12 август 2020 (МИА) – Едно од 10 работни места што постоеше минатата година …