Двојно намалена извршената работа на домашните градежници во странство


Во периодот јануари ‒ септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 200.928.000 денари, што е за 17 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првите девет месеци од годинава  градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 105.339.000 денари, односно за 51,2 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во анализираниот период  градежници работеле во Германија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Србија. лв/скс/

Скопје, 13 ноември 2020 (МИА)


Видете следно

Анализа: Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствраиле приход од 45 милијарди денари

Според финансиската анализа за работата на државните претпријатија во период од 2015 до 2019 година, …