ДЗС: За 1,4 отсто пониска просечната цена на струјата во првото полугодие од 2020 година


Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од годинава изнесува 4,789 денари по киловат час, што претставува пад од 1,4 отсто во споредба со второто полугодие од 2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,291 до 6,889 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 18,535 до 27,118 денари по нормален кубен метар по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 35,683 денари по нормален кубен метар. вј/сп/

Скопје, 30 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека мерките за заштита од ковид-19 кои …