E-сметковство Pantheon Cloud


Финансиското работење и водењето на книговодствена евиденција често им предизвикува голем проблем на компаниите, пред се заради немањето доволно ресури или пак губат драгоцено време во комуникација со надворешните книговодствени бироа. Сепак денес, со напредокот на технологиите и со примената на Cloud решенијата се воведуваат револуционерни промени во начинот на работење на компаниите и на нивните најзначајни соработници – сметководствените бироа.

Pantheon Cloud е совршено софтверско решение за целосна контрола на бизнис процесите во една компанија, коешто го овозможува Македонски Телеком во соработка со Даталаб. Станува збор за електронското сметководство коешто значително го олеснува работењето. За успешно работење и пристап до сметководствената програма потребен е само интернет, без никакво вложување во инфраструктура. Со Pantheon Cloud претпријатијата имаат пристап до современи деловни програмски решенија, а сметководителите можат електронски да ги разменуваат податоците и да имаат увид и пристап до сите потребни информации за своите клиенти.

Решението е наменето за сите претпријатија, без разлика на големината и дејноста, кои сакаат целокупна поддршка и интеграција во своето деловно работење. Со користење на Pantheon Cloud компаниите побрзо, полесно и на безбеден начин ги разменуваат податоците со книговодствените бироа. Истовремено, компаниите ги намалуваат трошоците, односно исклучени се трошоците за купување и одржување на серверите и лиценците, а немаат никаква друга инвестиција туку плаќаат онолку колку што користат. Дополнително, со преминот на електронско сметководство фирмите имаат прегледност на сите примени и издадени фактури или документација од другите организациски единици, заштедуваат време, добиваат поволна цена и поддршка, ажурирање и постојана законска усогласеност.

Што се однесува пак до книговодствените бироа, тие со примената на Pantheon Cloud имаат сметководствена програма по меѓународни стандарди и со највисок квалитет, побрза обработка на податоците на клиентите, повисоко ниво на услуга, широк спектар на поддршка и помош, како и зголемени приходи.

Цената за месечно користење на Pantheon Cloud продуктот вклучува месечно изнајмување на деловното решение, прилагодено на потребите и барањата на сметководствените бироа и клиентите од која било дејност, правно усогласување и надградба на софтверот Pantheon Cloud во согласност со промените во законодавството, база на податоци со соодветен капацитет, како и сигурносни копии на податоците.

Повеке информации за е-сметководство Pantheon Cloud може да се најдат на www.business.telekom.mk

 


Видете следно

„Вашингтон пост” со поддршка за Бајден на претседателските избори

Американскиот дневен весник „Вашингтон пост” денеска објави дека го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден на …