Еболата го погоди и Волстрит


Стравувањата од Ебола имаат големо влијание врз берзите во САД. Тоа го коментираше експертот од “Си Ен Би Си” Џим Крамер.

И додека другите фактори исто така ја играат улогата, стравувањата за смртоносниот вирус влијаат на инвеститорите и ги тераат да ги продадат акциите во последните денови.

„Сметам дека тоа има многу заедничко со Еболата и помалку со фактот дека каматните стапки се под 2%”, објасни уште експертот.

Според неговите зборови, во средата (15-ти октомври) берзанските индекси известуваа за падови, штом стана јасно дека втора медицинска сестра во Тексас е заразена со Ебола.

Иако властите ја смируваат јавноста дека нема опасност, стравувањата на трговците не се неосновани, смета Крамер.


Видете следно

Еве до кога ќе важат македонските лични карти и пасоши кои се сега со изминат рок?!

Личните документи (лични карти и пасоши) на кои им е истечен рокот ќе имаат продолжено …