Еден од најдобрите кардиохирурзи ќе го оперира Шумахер


Легендарниот пилот во Формула 1 и 7кратен светски шампион, Михаел Шумахер, е во рацете на еден од најдобрите хирурзи во светот. Тој беше хоспитализиран во болницата Жорж Помпиду во Париз пред неколку часа.

Според францускиот весник Парисиан, Шумахер (50) ќе претрпи терапија со матични клетки, што ќе го засили неговиот имунитет. Операцијата ќе ја прави тимот на Филип Менаж. 69-годишниот лекар, е еден од најистакнатите кардиохирурзи. Тој е специјалист за третман на срцева слабост користејќи странски матични клетки.

Уште во 2000 година, тој и неговиот тим за прв пат извршиле слична операција и трансплантирале клетки во срцето на пациент со сериозен срцев проблем. Клетките се земени од бутниот мускул на пациентот и се преместени во неговото срце.

14 години подоцна, Менаж ја направи првата ваква операција, но со ќелии од странски донатор.

Транспортот на шампионот за Париз помина низ строги безбедносни мерки. Според членовите на семејството, ова не е прв ваков третман на матични клетки за Шумахер. Постапката што треба да ја изврши д-р Менаж ќе помогне во зајакнувањето на имунитетот и во борбата против воспалението.


Видете следно

По 10.000 денари за првенците на генерација во Општина Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во …