Еден од најдобрите универзитети блиску до вас – како изгледа иновација во образованието?


Поимот иновацијата може лесно да се опише, тоа е процес поврзан со пронаоѓање подобри и повозбудливи решенија, процес поврзан со нов начин на работа на одредена индустрија, се со една цел – да се достигне нешто различно, да се воспостават нови идеи и успешна работа.

Но, дали некогаш сте се запрашале што значи иновација во образованието? За некои иновативно образование значи да се направи се што е добро за студентите, а од друга страна значи да се пронајде начин како сите студенти активно да се вклучат во образованието, да се воспостави интеракција. Некои ќе речат дека иновација во образованието е да се пренесат знаења кои ќе поддржуваат нови и уникатни идеи во наставната техника што ќе стигнат до учениците на поефикасен и поинтересен начин. Што и да кажете, во право сте!

Иновација во образованието значи да се размислува „надвор од кутијата“, да се поттикнат добрите методи и стратегии и да се подржи успехот на сите студенти, да се охрабри имагинацијата и победи стравот од откривање на нови работи. Иновацијата во образованието е она што Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ го прави со години, преминувајќи го мостот и пренесувајќи ги сите знаења и експертизи од еден од најдобрите универзитети во светот на стратешкото место што е близу до секој што бара нешто ново, вредно и возбудливо.

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот и единствениот кој работи во странство, со својот главен  кампус во Солун, Грција. Со премостување на Велика Британија во Југоисточна и Источна Европа, Меѓународниот факултет им нуди на студентите единствена можност да студираат за врвна британска диплома од Универзитетот Шефилд во нивниот регион. Покрај пренесувањето на знаењето и поддршката од еден од првите 100 универзитети во светот, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ работи според новите трендови со употреба на технологија во наставата, но и високо профилни професори кои доаѓаат од академијата и предавачи од корпоративниот свет кои ги користат новите наставни методи со примери од реалниот свет, соработка со локалната заедница и ги поттикнување на студентите да ги покажат своите најдобри страни.

Ако студирање и добивање на врвна британска универзитетска диплома е вашата цел, а во исто време да бидете блиску до вашиот дом, Меѓународниот факултет на Универзитетот  Шефилд, Сити Колеџ ќе ви ја даде оваа единствена можност. Преминете ја границата и постигнете ги своите цели на многу иновативен начин во образование. Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ќе ви понуди нова, возбудлива и меѓународна средина, вредно искуство и ќе ги добиете најдобрите знаења и академски квалитети од целиот регион.

Покрај вредните знаење и подготовка за работа, ќе изградите односи со колегите од целиот свет и ќе добиете интернационално признаена диплома од Универзитетот на Шефилд. Денес Меѓународниот факултет се состои од четири академски оддели, Одделот за бизнис администрација и економија, Одделот за компјутерски науки, Одделението за психологија и Одделението за англиски студии.

Повеќе информации за стипендии на студиските програми за додипломски и магистерски студии, но и општо за Факултетот се достапни на следниот линк.

Видете следно

Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во …