Една од највлијателните реклами на годината


Следнава видео реклама направено за јапонскиот производител на автомобили Mazda, според претставниците на светскиот конгрес за мотивациони говори TED, е една од најефективните реклами на 2012 година.

Кадрите раскажуваат приказна. Во центарот стои јапонски службеник кој работи за фабриката на Mazda во градот Хирошима. Тој зборува за својата работа и за тоа како градот се соочи по ужасот на Втората светска војна.

Рекламирањето докажува дека кога се раскажува вистински силна историја, вниманието на публиката може да се задржи. Во повеќето случаи луѓето го гледаат видеото до крај, иако е долго над минута и пол. Тоа го коментираат маркетинг набљудувачите во Business Insider. Освен тоа кампањата потврдува дека рекламните идеи се способни да ја променат и перцепцијата на компанијата и за социјалната смисла на бизнисот.

Мерењата покажуваат дека 94% од гледачите не се посомневале дека рекламирањето е автентично. 72% си помислиле дека видеото менува кон позитивната претстава на брендот. Во кампањата работеле тимот на Cosmos, агенцијата JWT Германија и тимот на Mazda Европа.


Видете следно

Македонски Телеком со позитивни трендови во работењето во 2018 година

Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето во 2018 година. Приходите од продажба на крајот …