Breaking News

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa 97,67 евра за мегават час, на МЕМО 79,88 евра за мегават час


Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 22 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува  97,67  евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 79,88 евра/mwh


Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 91,81 евра за мегават час, а на MEMO 77,12 евра.


Просечната цена на електричната енергија во текот на месец мај до сега, (baseload till date) на HUPX изнесува  93,39 евра за мегават час, додека просечната цена за мај на МЕМО берзата која почна со работа на 10 мај изнесува 86,36 евра за мега ват час.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.


Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.