Египет купува воена опрема во вредност од четири милијарди евра од Франција


Египет ќе набави 30 борбени авиони „Рафале“, ракети и друга опрема од Франција за околу четири милијарди евра, кои Египет ќе ги позајмува во следните десет години.

„Египет и Франција потпишаа договор за испорака на 30 авиони Рафал“, соопшти денеска египетската армија.


Француската министерка за одбрана Флоренс Парли денес изјави дека купопродажниот договор дополнително го зајакнува военото и стратешко партнерство меѓу двете земји, додавајќи дека тој претставува нов успех за извозот и одбранбената индустрија на Франција.

Договорот е склучен на 26 април за износ од 3,95 милијарди евра. На Египет ќе бидат испорачани 30 авиони Рафал, ракети МБДА, како и одбранбена и електронска опрема Сафран електроникс.

Купувањето ќе се финансира преку десетгодишен заем, изјави египетската армија, без да наведува други детали.


Видете следно

Во Њујорк задолжителна вакцинација за студентите

Студентите на Државниот универзитет во Њујорк (СУНУ) и Градскиот универзитет во Њујорк (ЦУНУ) ќе бидат …