ЕК: Европската унија работи на обезбедување испорака на гас за Украина


Европската унија бара различни начини за да обезбеди стабилно снабдување со природен гас за Украина оваа зима, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа рече дека обратен проток може да дојде од Словачка, која има интерконектор со Украина од 2014 година.
„Комисијата, заедно со украинските експерти, во моментов истражува различни сценарија за да обезбеди доволно снабдување за Украина”, рече шефицата на ЕК во заедничката изјава со украинскиот претседател.


„Ние, исто така, тесно ќе соработуваме со вас … за да ги зголемиме капацитетите за снабдување со гас што доаѓаат од земјите – членки на ЕУ. Ова исто така ја вклучува можноста за работа на аранжмани за да се смени протокот на дополнителниот гасовод од Словачка”, додаде Фон дер Лајен.

Украина беше домаќин на лидерите на ЕУ на самитот во Киев, а двете страни потпишаа договор за авијација.
Самитот се одржува во период на украинско лобирање меѓу западните сојузници за да се казни Русија за, како што се тврди, обидот на Москва да ги искористи залихите на гас како оружје против Европа.


Украина сака ЕУ да го истражи договорот и тврди дека може да ги прекрши енергетските правила на ЕУ. Исто така сака Европа и САД да го блокираат рускиот гасовод „Северен поток 2″ меѓу Русија и Германија, што ја намалува потребата на Москва за проток на гас низ Украина.

ЕУ ја поддржа Украина во нејзиниот конфликт со Москва по анексијата на Крим од Русија во 2014 година и избувнувањето конфликт меѓу украинските војници и сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на Донбас.

Но, Брисел исто така ја повика Украина да ги забрза домашните реформи и да се справи со корупцијата во замена за поддршка. паг/

Брисел, 12 октомври 2021 (МИА)


Видете следно

Деспотовски на самит на „Економист“: Со нов, паметен пристап го намалуваме заостанувањето во инвестиции зад Централна и Источна Европа

​​​​​​​​​Со новиот концепт кој неполна година го спроведуваме во ТИРЗ поставивме јасна и едноставна рамка …