ЕК истражува дали имало злоупотреба со фондовите Еразмус плус


Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во С.Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во изјава за МИА, портпаролката на ЕК за образовение Сузан Конзе, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Конзе за МИА.

Европската Комисија во моментов не може да даде повеќе детали за истрагата додека е во тек, но она што е познато е дека во случај да биде утврдена криминална злоупотреба на фондовите, случајот ќе биде испратен до ОЛАФ, европското тело за борба против измами.

Од Комисијата за МИА објаснуваат дека доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка”, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ. При апликација за фондовите Еразмус плус, државата е гарант за овие пари во случај на нерегуларност или измама и е обврзана да ја врати целокупната сума.

Брисел исто така врши редовни финансиски ревизии, како и годишен мониторинг за трошењето на бриселските фондови.тм/са/

Брисел, 13 октомври 2020 (МИА)


Видете следно

Доларот најслаб од 2018 година: Американската валута ослабе и во однос на еврото

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско …