ЕК: Обновливите извори на енергија ги надминаа фосилните горива во ЕУ во 2020 година


Членките на ЕУ минатата година имаа 48 отсто зголемување на инвестициите во обновливите извори на енергија, а во 2020 година ги надминаа фосилните горива како главен извор на енергија на континентот, изјави европската комесарка Кадри Симсон.

Симсон на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур рече дека инвестициите во обновливите извори на енергија во 2019 година изнесувале 32,9, а една година подоцна 48,8 милијарди евра, што е зголемување од 48,3 отсто.


Обновливите извори на енергија ги надминаа фосилните горива како главен извор на енергија за првпат минатата година, со 38 отсто во споредба со 37 отсто од произведената електрична енергија, покажуваат податоците на Европската комисија.

Симсон, комесарка за енергетика на ЕК, исто така рече дека целата ЕУ, како и поединечните земји, се на пат да ја исполнат поставената цел од 40 отсто енергија од обновливи извори до 2030 година. зш/


Стразбур, 24 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

11-то издание на TOP 100™ во организација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија

06.12.2021, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и оваа година го организира веќе добро …