Екипи од МЗШВ денес ќе излезат на терен во увид на штетите од вчерашното невреме во ресенскиот регион


Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денес ќе излезат на терен во увид на штетите врз земјоделските посеви во ресенскиот регион, што беше опфатен од вчерашното невреме.

Според првичните информации денешниот пороен дожд и град во ресенскиот регион предизвикал најголеми штети во село Јанковец, делови од селата Златари и Сопотско.

Проценките на штетите ќе ги врши Комисијата за проценка на штети, формирана во мај од Општина Ресен.

Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран утре во зависност од настанатите штети и површината што е опфатена.

По завршување на проценка на штетите на терен ќе следува постапка за обештетување.


Видете следно

ССК: Зголемување на трговска размена со Италија со партнерски договор

Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја  на  директни средби …