Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во Јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија.
Последните податоци за нивото на индустриско производство и услугите покажуваат колку војната во Украина негативно влијае на Европската и Американската економија.
Економскиот раст е серизно погоден од високите стапки на инфлација на глобално ниво. Економиите се соочуваат со нарушен систем на снабдување, кој во комбинација со зголемените каматни стапки негативно влијае на бизнисите. Европа е под дополнителен притисок од можни недостатоци на енергија во претстојната зима.
Германија во четвртокот ја активираше втората фаза од планот во три чекори за покривање на енергетските недостатоци во зима.
Малопродажбата во САД во месец Мај забележа пад, за прв пат оваа година, заедно со продажбата на недвижности која веќе 4 месеци по ред е во постојано намалување. Каматните стапки за хипотекарните кредити во САД се на највисоко ниво од 2018 година пренесува Wall Street Jurnal.
Пазарот на труд останува засега стабилен иако покажува знаци на пад.
Дали светот го очекува рецесија проследена со инфлација и зголемување на невработеноста ?