Економиите во развој ќе блеснат во 2013 година


Минатата година и развиените и пазарите во развој забележаа силни удари, носејќи по над 15% враќање на инвестициите. За оваа година, сепак портфолио менаџерите очекуваат да има јасен победник и едната група да се претстави подобро од другата.

Од почетокот на 2013 година берзите во Европа и САД го презедоа водството во трката, но проекциите покажуваат дека успехот на пазарите во развој допрва претстои, се вели во анализа на CNBC.

За првите денови на новата година MSCI Emerging Markets Index кој ги набљудува пазарите во земјите во развој, се зголеми за 1,4 отсто. Во исто време, S & P 500 и FTSE EuroFirst Index 300 регистрирале раст од 3,3 поради моќниот прилив на нов капитал на берзите.

Инвестицискиот интерес кон пазарите на акции во Европа и САД се зголеми на почетокот на новата година поради стравувањата дека ситуацијата во еврозоната ќе се влоши и дека САД нема да постигнат решение за фискалните проблеми.

Гледајќи напред, сепак аналитичарите очекуваат добри вести од Азија и се обложуваат на нова добра година во регионот.

“Ние сме оптимисти за пазарите во развој – тие може да се ранливи, но се прогнозираат подобри перформанси во споредба со развиените пазари”, објаснува Ендру Пијз, инвестициски стратег во Russel Investments.

“На пазарите во развој има потенцијал за поголем економски раст и зголемување на профитот. Освен тоа, цените остануваат атрактивни “, додава тој.

Прогнозите се дека оваа година растечките економии ќе нараснат со 5,4 отсто. Во исто време се очекува економски раст од 1,7 отсто во САД и намалување на еврозоната за 0,2 отсто, се вели во анализа на HSBC.

На повеќето земји во развој, вклучувајќи ја и Кина и Јужна Кореја, просечниот сооднос цена / заработка по акција е 11. За S & P 500 овој показател е 15,5, додека пак пред кризата беше 16,5.

Според Пијз американскиот пазар е оценет соодветно и поради оваа причина не може да се очекува раст од повеќе од 2% оваа година. Како доказ за своето тврдење тој посочува дека корпоративните профити како дел од БДП се на историски врв и за да има потенцијал за пазарен раст, условите треба да се споредливи со предкризните.

Друга причина зошто треба да се очекува раст на пазарите во развој е силното зголемување на апетитот во текот на оваа година. Тоа се должи на олеснувањето од прескокнување на фискалната провалија во САД и стабилизирањето на еврозоната, смета Георг Луис од JP Morgan Asset Management.

Истражување на Bank of America – Merrill Lynch покажува дека ризиците на инвеститорите се на највисоко ниво во последните девет години. Прогнозите на HSBC се раст на индексот MSCI World од 15 отсто оваа година.

“Има голема веројатност ако постепеното подобрување на глобалната економија продолжи во 2013 година и кризата во еврозоната биде надмината, инвеститорите да имаат уште поголема тенденција да вложуваат пари на пазарите во развој. Со оглед на тоа, тие ќе се претстават посилно од развиените пазари “, смета Хамилтон.


Видете следно

СКСЗМ: Eкономските мерки од Владата за бизнисите и економијата генерално не се соодветни

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) како институција која ги заштитува интересите на компаниите членки, …