Eкономијата на Бразил се намали со 0,5% во третиот квартал


Економијата на Бразил го забави својот раст повеќе од очекувањата на аналитичарите во третиот квартал на годината, пренесе “BBC”.

Бразилскиот институт за статистика објави дека економијата на земјата се намалила за 0,5% во третиот квартал на годината во споредба со претходниот. Аналитичарите очекуваа бруто домашниот производ на земјата да се намали за 0,2 %.

Падот се должи на доцнењето во секторот на земјоделството, кој е намален за 3,5% за периодот од јули до септември месец 2013 година, во споредба со претходните три месеци на годината.

Иако се познати најновите разочарувачки податоци, економијата на Бразил сепак расте со 2,2 %, во споредба со третиот квартал од 2012 година.

Минатата недела Централната банка на Бразил ја зголеми основната каматна стапка од 9,5 % на 10% . Банката го презема овој потег за шести последователен пат низ годината, во обид да ја заузда инфлацијата во земјата.

Потрошувачките цени во Бразил се зголемиле за 5,8 % во октомври во однос на една година порано.


Видете следно

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен – нема промени на нивото на неговиот девизен курс

Имајќи предвид дека во некои медиуми и на социјалните мрежи има објави во коишто се …