Економијата на САД ги изненади аналитичарите


Во третиот квартал БДП на земјата се зголемил за 3.1% од очекуваните 2.8%

Економијата на САД ги изненади аналитичарите и забележа раст од 3.1% во третиот квартал на 2012 година, пишува Bloomberg. Прогнозите на економистите беа за годишно зголемување од 2.8%, но тие го оддаваат подобрувањето на растот кај државните трошоци, побарувачката и помалиот трговски дефицит.

За следното тримесечје сепак очекувањата не се толку охрабрувачки. Според аналитичарите на најголемата економија ќе и биде тешко да одржува ваков раст долго, поради ниското пребарување на глобално ниво, ограничените трошоци на компаниите, зголемувањето на даноците и намалувањето на јавните трошоци.

“Таквиот економски раст тешко би можел да задржи стабилно зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста”, коментира Мајкл Браун, економист во Wells Fargo Securities. “Не се гледаат многу стимулации за бизнисот и тоа е поврзано со “фискалниот јаз” со кој се соочува економијата”, додава тој.

За периодот јули – септември потрошувачката предвидува раст од 1,6%. Дупката помеѓу извозот и увозот е намалена.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …