Економијата на САД се подобрува по лутата зима


Продуктивноста во САД се искачила најмногу во февруари за последните шест месеци. Изгледа дека индустријата почна да се подобрува по суровото време, информираше агенцијата “Блумберг”.

Произведената продукција се зголемува за 0,6 %, што е повеќе од очекуваното 0,3 %. Напредокот покажува заживување во економијата откако компаниите имаа тешкотии со испораките на делови и материјали во јануари оваа година. Експертите сметаат дека посилната побарувачка од страна на корисниците и компаниите ќе ги зајакне производителите, кои ги доживуваат материјални тешкотии.

“Откако временските услови се подобрија, понудата е значително поголема”, рече Генади Голдберг, стратег во TD Securities USA LLC во Њујорк. “Пазарот беше малку песимистички”, додаде тој.

Друг извештај покажува дека во регионот на Њујорк фабриките го зголемуваат растот на производството во месец март.

Индексите на берзите се зголемија, откако индексот Standart & Poor`s 500 падна до три неделно дно, откако продуктивноста изјавува оптимизам во економијата. S & P 500 се зголеми за 0,7 % до 1 853 долари.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …