Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Економски форум „Општините и граѓаните: Заедно кон подобар буџет” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на мрежата ФИСКАСТ и Finance Think.
Тема на форумот ќе биде „Мои пари, моја одговорност”: Партиципативно буџетирање во општините”.
Поздравно обраќање е најавено од претставник на УСАИД во земјава, а студија со резултати ќе презентира извршниот директор на Finance Think Благица Петрески.