Breaking News

Ексклузивна регионална премиера на „Убијците на мојот татко 6“ на 15 јануари само на mPLAY TV


 


Популарната крими – трилер серија „Убијците на мојот татко“ се враќа со шеста сезона, a корисниците на МТЕЛ ќе имаат ексклузивна можност од 15 јануари да уживаат во регионалната премиера, еден месец пред останатата публика, преку мобилната апликација mPLAY TV.


Во новата сезона креаторите на оваа веќе култна серија, која се вбројува меѓу најуспешните од продукцијата на Телеком Србија, ни прикажуваат нови крими приказни исполнети со мистерија, како и со битки за вистината и правдата.

Во фокусот на новата сезона од „Убијците на мојот татко 6“ е светот на коцкањето полн лаги и  манипулации. Шестата сезона ни носи приказна која е болна, но и поучна, животна лекција за тоа колку малку е потребно за да се премине од „почетничка среќа“ и утехата „можеби не ти е денот“ до моментот кога во само една игра се губи сè – парите, пријателите, семејството, на крајот и животот.


Улогите и во новата сезона им се доверени на веќе добро познатите актерски имиња – Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Тихомир Станиќ, Миодраг Радоњиќ, Марко Васиљевиќ, Мирјана Карановиќ, Нина Јанковиќ Дичиќ, Славко Штимац, Славиша Чуровиќ, Слобода Миќаловиќ, Иван Заблаќански, Ивана Дудиќ и други. Исто така, во серијата се појавуваат и: Славен Дошло, Милан Колак, Никола Ристановски, Александар Димитријевиќ, Тарик Филиповиќ, Соња Дамјановиќ, Милош Влалукин, Сања Јовиќевиќ Поповиќ, Иван Јефтовиќ…

Сценариото за серијата го напиша Наташа Дракулиќ, која се јавува и како нејзин креатор заедно со Предраг Гага Антонијевиќ. Како режисер се потпишува Милош Кодемо.


Сите нови 12 епизоди од „Убијците на мојот татко 6“ од 15 јануари ќе бидат достапни во Видеотеката на mPLAY TV. Апликацијата mPLAY TV е достапна бесплатно за корисниците преку припејд картичките mSTART, тарифниот модел mCONNECT L и пакетот mBOX Trio Max. За повеќе информации на содржините кои што се достапни на апликацијата, но и понудите за услугите на МТЕЛ може да погледнете на mtel.mk .