Ел Чека кон Заев: Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку …


Ел Чека објави нова закана до премиерот Заев на социјалните мрежи во која порачува ако нема меѓународна истрага за Диво Насеље во среде Скопје ќе се случи уште едно Куманово.

„Ако продолжете вака Струмица ќе ви изгледа многу далеку, немате друг избор, затоа или меѓународна истрага или казната ќе ја добиете од народот“ – напиша Ел Чека.

„Ова не го сметајте за закана, не е закана, тоа е настан кој ќе се случи ако нема меѓународна истрага. Имаме толку крв за да истураме на корените на дрвото на слободата, и имаме многу животи да дадеме за да го запреме одземањето на нашите животи од страна на државата монструм и нивните ортаци од ДУИ. Одлуката донесете ја вие премиере на заробените“.


Видете следно

Во текот на изминатата недела пајакот подигнал 266 возила од јавните површини во град Скопје

Во текот на изминатата недела (14.11 – 20.11.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати …