Електричен Renault на пазарот


Новиот електричен супер мини Zoe на францускиот Renault ќе биде пуштен во продажба во Германија во јуни, објави ДПА.

Се очекува автомобилот, кој е со големина на Clio, да чини околу 21 700 евра. Автомобилот е ставен под шасијата за поудобно патување и услуга. Zoe е со должина од нешто над 4 метри. Има место за петмина патници и багаж до 338 литри.

Иако Zoe зазема црти на Clio, возилото изгледа футуристички. Кабината вклучува дигитални дисплеи кои покажуваат колку се потрошени батериите и до каде може да се стигне.

Zoe се движи со помош на електромотор со моќност 88 КС, а максималната брзина е 135 километри на час. Со целосно полнење на батериите со Зое можат да се поминат 210 километри. Полнењето трае меѓу 30 минути и 8 часа.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …