Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри


Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри.

-Сите заинтересирани можат да достават мостри за оценување на нивното младо вино, произведено од грозје од годинешнава реколта, до 29 ноември. Дегустацијата и оценувањето на младо вино годинава ќе се одржи на 1 и 2 декември во Кавадарци, информираа денеска од Здружението на македонски енолози винари, со седиште во Кавадарци.


Мостри може да се доставуваат во Неготино, Кавадарци и во Скопје. Треба да има достава на две шишиња по мостра, податоци за производителот, сорта на грозјето од кое е направено виното и телефонски број за контакт. За секоја мостра треба да се уплати по 300 денари на жиро сметка на Здружението. свд/вг/

Кавадарци, 22 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

ЕДУФРОНТ во најава на нови уписи со бесплатни денови за запознавање со дигиталните патеки

Гордана Мишевска, сопственик и директор на Едуфронт, онлајн компјутерски центар за деца од 8-14 год. …