“Епл” и “Самсунг” ја прекинуваат патентната војна


По повеќе од три години судски процеси во целиот свет технолошките концерни “Епл” и “Самсунг” се договорија да ја прекинат “патентната војна” надвор од САД.

“Самсунг Електроникс” и “Епл” се договoрија да ги прекинат споровите поврзани со патенти, во сите земји освен во САД”, се наведува во заедничкото соопштение на двете компании.

Од април 2011 година технолошките гиганти водат патентни дела во голем број држави, обвинувајќи се меѓусебно за нарушување на патентите за дизајн и технологиите кои се користат во нивните самртфони.

Судските спорови, водени пред судовите во САД ќе продолжат, прецизираа од “Самсунг”. Договорот сепак ќе стави крај на случаите во Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и др.

При патентните дела во САД се доделуваат поголеми бенефиции во однос на другите земји. Според аналитичарите на крајот двете компании ќе се помират и ќе го потпишат попречниот договор за лиценцата, следејќи го вообичаениот начин на дејствување во технолошкиот сектор.


Видете следно

По повод Светскиот ден на Дијабетес – кампања за Предијабетес на компанијата „Варус“

На 4 ноември, компанијата „Варус“ во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна …