Ердоган го губи мнозинството – курдите влегуваат во парламентот


Турската владејачка Партија на правдата и развојот / АКП / победи на парламентарните избори, но го изгуби досегашното мнозинство, пренесуваат агенциите.

АКП освои 43,5 од гласовите, при 49,9% на претходните парламентарни избори. Потоа следи Републиканската народна партија (ЦХП) и Партијата за националистичко движење (МХП). Четврта е прокурдската Демократска народна партија (ДНП), која скокна од 10 отсто изборен праг и влегува во парламентот. За неа гласале 10,8 отсто гласачи.


Токму влегувањето на ДНП ја лишува АКП од можноста да има апсолутно мнозинство од 330 пратеници во 550-члениот парламент и да формира влада.

Со победата на ДНР курдското малцинство во Турција за прв пат ќе биде претставено од политичка сила во парламентот.


Видете следно

Жените вработени во градските служби во Кабул ќе останат дома

Талибанците им наредија на жените вработени во градските служби во Кабул да останат дома, а …