Ердоган го забрани Twitter


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ја исполни заканата и нареди блокирање на социјалната мрежа Twitter. Одлуката беше донесена откако во социјалната мрежа почнаа да се појавуваат анонимни записи, кои ја открија корупцијата во управувањето.

” Ние ќе го избришеме Twitter. Не ме интересира што вели меѓународната заедница “, рече премиерот на предизборен митинг во западната провинција Бурса.

Претходно овој месец Ердоган предупреди дека неговата влада може да забрани популарни социјални мрежи и сајтови за видеосподелување – како Facebook и Youtube, по локалните избори на 30 март .

Ердоган, кој е премиер на Турција од 2003, е подложен на поголем притисок, откако аудио снимки покажаа дека тој бил вмешан во корупција, во сомнителни бизнис зделки.

Корупциските скандали тресат Турција од неколку месеци, а во нив беа вмешани многу од министрите во кабината на земјата, како и еден од синовите на Ердоган.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …