epa09556464 Turkish President Recep Tayyip Erdogan during a press conference at the G20 Summit in Rome, Italy, 31 October 2021. The Group of Twenty (G20) Heads of State and Government Summit was held in Rome on 30 and 31 October 2021. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Ердоган: Наскоро ќе почнеме со изградба на домашен воен брод ТФ-2000


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека неговата земја наскоро ќе започне со изградба на домашниот брод разорувач ТФ-2000, чија намена е противвоздушната одбрана.
Ердоган денеска го посети бродоградилиштето во Истанбул, каде што зборуваше на церемонијата по повод пуштањето во употреба на првиот домашен и национален разузнавачки брод на турските поморски сили, ТЦГ Уфук.

– Верувам дека многу добро влеговме во 2022 година, реализирајќи ги еден по друг клучните проекти на нашата одбранбена индустрија, истакна турскиот претседател.


Тој изрази желба бродот ТЦГ Уфук, за кој верува дека ќе придонесе за ефикасно извршување на безбедносните и разузнавачките активности на море, да биде од корист за Националната разузнавачка организација. Ердоган објасни дека првиот турски разузнавачки брод „Уфук” бил изграден со национални инженерски способности.

– Не сакаме веќе да купуваме од странство. До денешниот ден дојдовме со одлучно работење од 2004 година кога рековме дека нашите проекти ќе бидат домашни и национални. Особено во последните 10 години, настаните околу нас уште еднаш ни покажаа дека нациите кои не можат да бидат независни во одбранбената индустрија не можат да гледаат на иднината со доверба, нагласи Ердоган.


Турскиот претседател смета дека успехот на неговата земја во одбранбената индустрија стана многу важен извор на надеж за угнетените нации и заедници низ светот.

Нагласувајќи дека бројот на земји кои користат производи од турската одбранбена индустрија се зголемува секоја година, Ердоган нагласи дека „Турција моментално е меѓу 10-те земји во светот кои можат да дизајнираат, градат и одржуваат сопствени воени бродови”.


– Досега извезовме 180 поморски платформи во 25 земји. Наскоро ќе започнеме да го градиме нашиот разорувач за противвоздушна одбрана ТФ-2000, истакна шефот на турската држава. гт/

Истанбул, 14 јануари 2022 (МИА)


Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …