Breaking News

Ердоган: Турција го поддржува Азербејџан во неговите чекори „да го зачува територијалниот интегритет“


– Турција го поддржува Азербејџан во неговите „чекори за зачувување на неговиот територијален интегритет“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Обединетите нации.


– (Нагорно-) Карабах е азербејџанска територија …, рече Ердоган во ОН, додавајќи дека кој било друг статус „никогаш нема да биде прифатен“, пренесе ДПА.


Според него, „Ерменија треба да ги исполни своите ветувања, вклучително и отворање транспортен коридор на југ“.

Турскиот лидер, исто така, повика на брзо решавање на сегашните непријателства меѓу Азербејџан и Ерменија.


Турција во 2020 година му помогна на Азербејџан да ги врати териториите што ги загуби од Ерменија во раните 1990-ти во Нагорно-Карабах, потсетува ДПА. јт/Фото: МИА архива .

Извор: МИА