Ерменија се приклучува кон Евроазиската унија


Ерменија се приклучува кон Евроазиската економска унија, за да даде нов импулс на развојот на економијата. Тоа го изјави ерменскиот претседател Серж Саркисјан по разговорите со српскиот колега Томислав Николиќ, кој е во посета на Ерменија.

„Со движењето на стоките, услугите, капиталот и работната сила, пристапот до енергоресурсите и усвојувањето на унифицираните транспортни решенија на Евроазиски простор ќе се појават нови можности за ефикасноста на нашата економија“, посочи Саргсјан.

Договорот за основање на Евроазиската унија беше потпишан од претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија и ќе стапи во сила од 1 јануари 2015 година.


Видете следно

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии

Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална …