Ernst & Young: Сметководствените манипулации се зголемуваат во кризата


Повеќе од 40% од директорите, членовите на Управниот одбор, и највисокото раководство знаат за неправилности во финансиските извештаи на компанијата.

Тоа го покажува истражувањето на консултантската компанија Ernst & Young направено врз повеќе од 3.000 вработени во 36 земји во регионот Европа, Блискиот Исток, Индија и Африка (EMEIA).

Тоа покажува дека еден од секои петмина вработени знае за извршени финансиски манипулации во сопствената компанија во последните 12 месеци.

Речиси половина од испитаниците во брзо растечките пазари се согласуваат дека компаниите во нивните држави често презентираат погрешно финансиски резултати од работењето, во споредба со 29% од испитаниците во централите во Западна Европа.

“Имајќи ги предвид сегашните предизвикувачки пазарни услови, компаниите се соочуваат со постојан притисок да ги исполнат очекувањата за раст и профит. Во оваа средина некои подлегнуваат на неетичко однесување “, нагласи Дејвид Столб, глобален шеф на практиката на Ernst & Young за услуги истрага на измами и спорови.

Студијата покажува дека ризиците од нестручна отчетност се комбинираат со несовесно деловна средина. 57% од сите испитаници веруваат дека митото и корупцијата се широко распространети во нивната земја, а овој процент се зголемува до 67% на брзо растечките пазари.


Видете следно

ОЈО: откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на …