Есад Рахиќ е новиот директор во истражниот затвор – Скопје


Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија. Тој на оваа фунција доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој поднесе оставка по инцидентот во затворот кога беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година, а потоа беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат делуваше како независен.

Владата на вчерашната 139-та седница за директор на Агенцијата за национална безбедност го назначи Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи.


Видете следно

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Велес, по темелно спроведена истражна постапка и прибавување на обемен број докази, …