Breaking News

epa09016454 Breeding of flour beetles (Tenebrio molitor) in Olsztyn, Poland 16 February 2021. The team led by prof. Tadeusz Bakula from the Department of Veterinary Prevention and Feed Hygiene at the University of Warmia and Mazury is working on the use of insects as an alternative source of food and feed. Scientists have identified two insect species with the greatest potential for mass breeding. They completed the first stage of the experiment on an industrial scale, developing poultry feed based on them. The most useful species turned out to be the mealworm of millers, the larvae of which, apart from fodder, can be used to produce food. The Ministry of Agriculture and Rural Development and the State Veterinary Institute-National Research Institute in Pu³awy participate in the project. EPA-EFE/TOMASZ WASZCZUK POLAND OUT

ЕУ легализира штурци и ларви за јадење


Домашните штурци и ларвите на бубачката Tenebrio molitor, односно брашнарските црви, ќе бидат дозволени како храна во Европската унија според новите регулативи.

Домашниот штурец од денеска може да се користи замрзнат, сушен или во прав, а од четврток и ларвите.


Слични правила веќе постојат за миграционите скакулци и ларвите на жолтиот црв.

Осум дополнителни барања за одобрување на инсекти како храна во моментов се разгледуваат од Европската комисија, бидејќи производителите треба да аплицираат за одобрение за секој инсект што сакаат да го пуштат на пазарот.


Храната што содржи инсекти во ЕУ треба да биде јасно означена, вклучувајќи го и името на видот.

Според проценката на комисијата, домашните штурци и ларвите на брашнарските црви се безбедни за човечка исхрана, но може да претставуваат ризик за луѓето кои страдаат од алергии на храна.


Инсектите се сметаат за хранливи и богати со протеини и се дел од вообичаената кујна во многу земји. Тие исто така можат да придонесат за одржлива исхрана, бидејќи може да се одгледуваат на релативно ефикасен начин во однос на користење на ресурсите. јт/

Брисел, 24 јануари 2023 (МИА)