Breaking News

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Крушево. Ова е седма од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ во јули 2022 година.


 Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапни преговори со ЕУ и нивното влијание врз секојдневието на граѓаните.


За време на престојот во Крушево, aмбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

Тој ќе присуствува и на презентација на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација’’ во центарот за параглајдингот во Крушево и ќе учествува на кафе-дебата со граѓаните на која ќе одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.


Во вечерните часови, aмбасадорот Гир ќе присуствува на отворањето на манифестацијата „Крушево – град на културата 2023’’ пред споменикот Македониум. фф/бак/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА