Еуроникел Индустри ја гради еко свесноста кај основците од Кавадарци


Одделенијата од двете основни училишта во Кавадарци, победници на Еко квизот, како дел од наградата допатуваа и на едукативна екскурзија. Екскурзијата, што опфати посета на Зоолошката градина во Скопје со водич и предавање на тема екологија, е организирана од Еуроникел Индустри. Покрај едукативниот карактер, екскурзијата вклучуваше и дел со посета на Аеродромот во Скопје, како и на забавните содржини во градските шопинг центри.

Учениците од двете кавадаречки основни училишта „Тошо Велков – Пепето“ и „Гоце Делчев“ се победници на Еко квизот во 2019 и 2018 година, во чијашто организација покрај Еуроникел Индустри како дел од својата општествена одговорност и поддршка на младите екологисти, учествуваат и Општина Кавадарци и Еколошкото друштво Тисовец.

Еко квизот во Кавадарци се организира по петти пат за сите ученици во 5то одделение од градот и околината и има за цел еко едукација и подигнување на нивото на еколошката свест преку забавен, интерактивен и натпреварувачки модел. Учениците преку квизот од областа на еколошките прашања и проблеми, го демонстрираа своето знаење и еколошка свест, и со тоа придонесуваат во градењето здраво општество, и токму затоа Еуроникел Индустри преку поддршка на овој натпревар инвестира во подигнување на еколошката свест уште од најрана возраст.

 


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …