Еве какво време не очекува од денес па се до крајот на тековната работна седмица


Да започнеме, над поширокиот Балкански регион па така и над подрачјето на Македонија расте гребенот на висок висок воздушен притисок антициклон кој придонесува стабилни и суви временски прилики, со појава на магла и ниска облачност низ одредени делови на Македонија.

Па така почнувајќи од денешниот ден (вторник) над Македонија се до крајот на веќе тековната работна седмица ќе се задржи генерално стабилно и суво време со променлива облачност. А особено повеќе сончеви периоди и нешто потопло ќе биде на планините и повисоките места низ државата, додека по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност, па токму оние места кои што ќе бидат опфатени со магла таму ќе биде и постудено со пониски температури, во однос на оние места каде што ќе има и сончеви периоди. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец. Температурите минимални нема да паѓаат под -5,-6 С, исклучок планините. Додека максималните дневни ќе бидат во сосема благ пораст, па така тие би се движеле во просек од +1 до +10 С, а понекаде и до околу +12 С. Што значи се на се стабилни и суви временски прилики се пред нас без никакви врнежи.

Е сега долгорочно гледано на прогнозистичките модели, а особено на метео моделот ECMWF, тој барем засега и од сега гледано овој месец според него не гледа никаков снег или подобро кажано некоја вистинска зима што би ни довела изобилство снег и сибирски температури нема на видик овој месец, освен понатаму ако не дојде до некоја измена и сл.

GFS моделот му се спротиставува на веќе спомнатиот модел, па така тој според сегашните негови податоци некаде од 20 / 1, па во текот на третата декада од овој месец има сигнали за можна промена на синоптичката состојба кај нас, што би можела да ни донесе промена на времето. Но потсетуваме дека ова е сосема далеку од сигурно така да развојот на синоптичката состојба ќе се следи и понатаму со што за секоја ново настаната состојба ќе бидете известени навремено. Ви благодариме за вниманието и имајте пријатно празнична вечер. Нови детали секако наскоро. Следете не!!

Временскиот извештај го анализира и подготви: Denis Muhovic


Видете следно

Се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 %

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која …