Breaking News

Еве какво време нè очекува за Божиќ


Продолжува ДОЛГИОТ период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Само утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови краткотрајно да се намалат условите за магла и за ниска облачност по котлините.


Наутро температурите ќе се спуштат до околу, па и под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени, само во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени. Невообичаено топло ќе биде и на повисоките места и на планините, додека во местата со магла и ниска облачност температурите ќе бидат пониски.


За Божиќ и понатаму ќе имаме натпросечно топло време, што значи нема да има снежна бајка и бел Божиќ.

Во Скопје и околината продолжува маглата и ниска облачност и релативно студено време. Само утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе услови намалување на условите за магла и за ниска облачност.


Извор: Славчо Попоски, Метеоаларм