Еве кога ќе се донесе одлука за евентуално враќање на рестриктивните мерки


Во Комисијата за заразни болести, нагласи, членуваат врвни експерти кои имаат огромно искуство, и во својот професионален делокруг на делување како епидемиолози, инфектолози, интернисти, лекари, кои искуството го црпат и од справувањето со претходни епидемии и пандемии, како онаа на САРС, кога се изготвени и многу протоколи.

– Секогаш со препораки и соработка со Светската здравствена организација, протоколите се користеа и на почетокот на оваа епидемија, кај нас нормално се модифицираа согласно карактеристиките на болеста но нивната експертиза помогна многу да се имплементираат, да дадат некаков соодветен тајминг и постептено да се олабават согласно податоците, бројките кои секојдневно се анализираат. Многу пати досега спомнавме дека и граѓаните се еден од најважните делови од целокупниот систем, влогот на граѓаните, поддршката на институциите се клучни во справување како со други така и со оваа кризна состојба која го погодува целото општество. Сите сме засегнати, и како поединци, и како држава, и сите придонесуваме во решавањето на овој проблем, истакна Филипче.

Тој упати пораки до граѓаните дека игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминувањето на оваа состојба.

– Секаде во светот станува збор за имплементирање на истите мерки за заштита на населението и елиминирање или намалување на ризикот од ширење на заразата. Маската, дистанцата, редовното миење, дезинфекција на раце, се единствениот механизам што може да не заштити и како поединци, и како општество. Граѓаните кои се одговорни, кои доследно се придржуваат до овие мерки, треба да бидат пример за сите останати поради тоа што рестрикциите и повторното затворање се непожелни, и ние може да ги избегнеме само доколку се однесуваме дисциплинирано и ги прифатиме овие нови правила што впрочем не се само во нашата земја, туку и во сите други земји во регионот, во Европа, практично во целиот свет, додаде Филипче.

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) –


Видете следно

Ковачевски: Минималното поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Скопје, 8 август 2020 (МИА) – Со цената што ја му ја дадовме на универзалниот …