Еве кога угостителските објекти ќе бидат отворени


Угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека тие ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок.

-Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата, рече Филипче.

Тој не се согласува со констатацијата дека нашата држава има најмогу смртни случаи во регионот.

-Смртноста не е највисока во регионот. Таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заболени. Словенија има поголема смртност од нас. Меѓутоа, треба да се има предвид дека од 110 смртни случаи 22 се дијагностицирани пост мортем, по смртта, а тоа не го прави ниту една друга земја. Ние влеговме во еден начин на дијагностицирање за да ја видиме пошироката слика на епидемијата. Кога ќе ги извадите тие 22 случаи, стапката на смртност е уште помала, рече Филипче.

Тој појасни дека со дијагностицирањето по смртта, надлежните имаат можност да ги анализираат контактите на лицето кое било заразено, а починало, за да се испита дали починатиот заразил други.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот …