Еве кога владата ќе одлучува дали ќе има 58-часовен карантин за викендот


Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека денеска, на владина седница во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд.

Спасовски уште еднаш нагласи дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

-Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе, истакна Спасовски кој денеска присуствуваше на предвањето на донацијата на респиратори на Клиниката за инфективни болести.

Тој потенцира дека политички одлуки не се решение на здравствени проблеми.

Скопје, 22 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот …