Еве кој е најуспешниот претприемач на годината


Викторија Бекам – ѕвездата од поранешната поп група Spice Girls и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам – одамна веќе не е позната само како пејач. Таа ја презеде улогата на бизнис дама и тоа успешно, благодарение на нејзините модни линии и бутици, велат од lady.mk.

Таа во моментов е на врвот на бизнис скалата во Велика Британија, откако беше прогласена за најуспешен претприемач во земјата за 2014 година, од бизнис магазинот Managment Today. Тоа го подготвило рангирањето врз основа на вкупното богатство на претприемачите, бројот на создадените работни места од нив и податоците за нивната продажба.bekam

Само модната марка на ѕвездата „Викторија Бекам” имала добивка од 30 милиони фунти минатата година, зголемување за 2,9% во однос на пет години порано. Покрај тоа, компанијата ги зголемила вработените со 3,2% во однос на почетокот во 2008 година.

Викторија, чие богатство се проценува на 210 милиони фунти, се претвори во „исклучително талентиран претприемач во модниот бизнис”, забележува списанието.

Модната куќа на Викторија беше прогласена за дизајнер бренд на годината на церемонијата на доделување на Британските модни награди во 2011 година.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …