Еве што изјави кардиохирургот Жан Митрев изјави за Филан Митрев


Пробував да му помогнам, но беше тргнат по погрешен пат. Нека си ја сноси одговорноста, вели кардиохирургот Жан Митрев, откако германските медиуми објавија дека на неговиот син Филан, му се суди за тероризам.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2 000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев во изјава за Сител.

Веста за обвинетиот терорист од Македонија, кој со уште две лица од Турција беше уапсен во ноември лани, го привлече вниманието на македонската јавноста откако на 2 септември започна судскиот процес во Германија, а германските медиуми пренесоа дека татко на Филан М., е сопственик на клиника за кардиохирургија во Македонија.

„Осомничениот влезе во судницата облечен според салафистички бизнис дрес-код. Со сива јакна, бела маица, долга и бујна брада која не може да ја покрие ниту една заштитна маска. Носеше црни панаталони и кожни обувки. Сликата ја заокружуваа металик-сребрените лисици. Филан М. ваква мода може да си дозволи, бидејќи неговиот татко е сопственик на клиника за кардиохирургија“, пишува во текстот на локалниот медиум „Франкфуртер Рундшау“ кој детално го опиша судскиот процес.

Филан пред неколку години ја променил својата вера и преминал во ислам, а германскиот медиум сега го опишува како радикален исламист припадник на салафисти-џихадисти.

Митрев вчера во изјава за порталот А1 он даде изјава во која прво кажа дека тоа не е негов син, за потоа да дополни: „Јас немам ништо со тоа. Секој човек на 25 години одговара за своите постапки. И тоа не е мој син!“.


Видете следно

ЈП „Водовод и канализација”: Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе од 60 години

Скопје, 26 септември 2020 (МИА) – Скопјани пијат вода со непромент и висок квалитет повеќе …