Еве што изјави таткото на Малчанскиот бербер за својот син киднапер


„Дваесет и две години робија не помогнаа мојот син Нинослав за да се поправи, и никогаш не се поправил. Срам ми е и не сакам да слушнам за него“, изјави таткото на српскиот педофил Нинослав Јовановиќ.

Таткото на Малчанскиот бербер, не сакаше да биде фотографиран и да му го објават името, но за Вечерње новости изјави:

„Го пријавив неговото исчезнување уште во јули. Од тогаш не сум го видел, слушнав дека се движи наоколу, и не знам ништо повеќе за тоа. Кога слушнав дека ја грабнал Моника, се грижев само за детето, но не и за него. Не ме интересира ништо за него. Ова е голем товар што го носиме на грб“, кажа таткото на Јовановиќ.

Моника беше најдена после 10 дена откако Нинослав ја имаше киднапирано, а полицијата сѐ уште трага по него.


Видете следно

Наставник од селото Чегране осомничен за полов напад врз ученичка на возраст од 9 години

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое …