Фото: Курир.мк

Еве што најави Џафери доколку поскапи струјата


Ако властите останат глуви за нашите барања за укинување на одлуката за поскапување на струјата и за укинување на Регулаторната комисија за енергетика, можно е бугарско сценарио во Македонија, предупреди граѓанскиот активист од Тетово Аријанит Џафери, кој своевремено ги предводеше протестите против аерозагадувањето, а сега е еден од фронтмените на протестите против поскапување на струјата.

-Сакаме да му дадеме шанса на мирот, зашто Бугарија не е далеку. Не сакаме истото да се случи во Македонија, но граѓаните се гневни и сакаат тоа да го направат. Затоа дадовме 10 дена рок да се решат проблемите, но ако останат глуви ќе им се отвори пат на радикалците кои сакаат бугарска метода. Одговорноста за тоа ќе биде кај властите кои нема да ги исполнат нашите барања – рече Џафери за ТВ 21.

Тој додаде дека идната недела планираат протестен марш во три правци кон центарот на Тетово со привремена блокада, но изрази уверување дека нема да дојде до трет протест, бидејќи, според него, тогаш е можно граѓаните може да стигнат до ЕВН и така да настане бугарското сценарио.


Видете следно

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Скопје, 20 септември 2020 (МИА) – Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во …