Еве што објави пратеникот Павле Богоевски во врска денешното судење против Јанкуловска и Груевски


По пресудата за предметот „Триста“ на Ѓоко Поповски, се огласи пратеникот Павле Богоевски. Еве што напиша тој на социјалните мрежи:

„Падна првата затворска казна за случај на #СЈО.

Во предметот #Триста, на Ѓоко Поповски, поранешен Помошник Министер за внатрешни работи му беше изречена казна затвор од девет години за противправна набавка на возила за потребите на МВР. Во овој случај, тој е единствениот обвинет.

Утре, Судот треба да ја изрече и пресудата за неговиот втор случај, #Тенк, каде друштво му прават Гордана Јанкуловска и Никола Груевски“, напиша Павле Богоевски на својот Facebook профил.


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …