Еве што открија научниците за децата што имаат Ковид-19


Нова студија откри дека некои деца истовремено имаат Ковид-19 и антитела во нивниот организам, јави денеска Еј Би Си.

Студијата открила дека некои деца покажуваат знаци на Ковид-19 понекогаш дури и месеци по првиот позитивен тест. Не само тоа, туку има преклопување на антитела, што обично укажува на претходна инфекција.

Според здравствените експерти, студијата ја потврдува важноста за физичко дистанцирање, дури и ако детето има позитивен тест за антитела.

Педијатарката Џесика Ланери вели дека ние често ги поврзуваме антителата со заштита од вирусот, но лекарите сè уште се обидуваат да откријат кое ниво на антитела е потребно за да се заштити човекот и колку долго ќе биде заштитен.

– Мислам дека најважното нешто за родителите е ако детето има какви било симптоми, дури и ако се благи симптоми на настинка, да ги задржат дома, дури и ако немаат висока температура. Ако имаат течење на носот, кашлање, дури и ако се супер благи, најдобро што треба да направите е да ги оставите дома и да се консултирате со нивниот педијатар пред да ги вратите на училиште, вели д-р Ланери.

Студијата исто така открила дека девојчињата на возраст од 9 до 15 години обично имаат позитивен резултат подолго од другите деца со Ковид-19.

Вашингтон, 8 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Конференција „Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?”

„Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?”, е темата на денешната …