Еве во кој затвор лежи Џулијан Асанж (Фото)


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж е уапсен и лежи во затворот Белмарш во југоисточниот дел на Лондон, јави АФП, повикувајќи се на британски судски извори. Белмарш е строго чуван затвор со капацитет до 910 затвореници, меѓу кои има и такви, што предизвикале голем медиумски интерес.

Меѓу нив беше Роналд Бигс, еден од извршителите на грабежот на поштенскиот воз од Глазгов до Лондон во 1963 година, кој починал во 2013 година. Меѓу уапсените таму беше и радикалниот проповедник Анджем Чоудри, осуден во текот на 2016 година.

Асанж беше уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој беше притворен поради непојавувањето во судот во 2012 година и поради американско барање за екстрадиција по обвинение за “информатичко пиратство”.


Видете следно

Колку изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ?!

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, …