Еве зошто СМК поднесе кривични пријави против Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров


Претседателот на светскиот македонски конгрес преку социјалната мрежа Facebook изјави дека до Скопското основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, за сторени кривични дела повреда на угледот на Република Македонија (член 178), излагање на подбив на Македонскиот народ (член 179), велепредавство (член 305), загрозување на независноста (член 308), терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (член 313), здружување заради непријателска дејност (член 324), злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), и самовластие (член 392) од Кривичниот законик на Република Македонија.

„СМК во кривичните пријави наведува дека во периодот на 2017 и 2018 година, Зоран Заев како претседател на Владата на Република Македонија и Никола Димитров како министер за надворешни работи, преземаат дејствија за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација – името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик, на начин спротивен на службената положба и овластувањата и спротивно на постапките утврдени во Уставот на Република Македонија.

СМК притоа потсетува дека, Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија во апсолутно мнозинство на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки. Резултатите од референдумот одржан на 8 септември 1991 година, Собранието на Република Македонија ги потврди со Декларација донесена на 17 септември 1991 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 42/1991). Во согласност со членот 73 став 4 од Уставот “Одлуката донесена на референдумот е задолжителна“ за сите без исклучок. Обврската од членот 73 став 4 од Уставот важи и за Владата, која спротивно на тоа, води преговори за промена на името на државата и идентитетот на нацијата – врши промена на името на Македонскиот народ и името на Македонскиот јазик.

СМК обвинува дека претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров водат преговори за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, спротивно и на Декларацијата во врска со Лисабонската декларација на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија усвоена во Лисабон на 27 јануари 1992 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 40/1992).

СМК потсетува дека во точката 1 од оваа Декларација се вели: “Собранието на Република Македонија го оценува за неприфатлив и го отфрла делот од Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“. Во точката 6 од оваа Декларација, понатаму, се вели: “Името Македонија е основа за името на еден народ – Македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него. Тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин. Во точката 7 од оваа Декларација, исто така, се вели: “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на обединетите нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници.“

СМК обвинува дека претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, спротивно на службената положба и овластувања и самовласно вршат повреда на следните акти од меѓународното и домашното право:

Видете следно

Развивање на силна меѓународна соработка за унапредување на трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство …